Инфраструктурните проекти што се реализираат во Република Северна Македонија со посебен акцент на проектите во делот на патната и железничката инфраструктура биле тема на денешната средба на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние и претставници од Агенцијата за развој на Франција задолжени за Балканот.
Како што информираат од Министерството за транспорт, министерот Сугаревски ги најави проектите за изградба на пругата на Коридор 8, како и плановите за развој на патната мрежа во земјава. Тој потенцираше дека во тек е инвестициски циклус преку милијарда евра и ги повика сите заинтересирани компании од Франција кои работат во делот на транспортот да учествуваат на јавните повици за реализација на капиталните инвестиции.
