Средба Николовски-Велфенс: Платформата за Интероперабилност е клучна за борбата против корупцијата

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денеска оствари средба со постојаниот советник на проектот на Европската Унија за зајакнување на истражните центри во јавните обвинителства, Бенедикт Велфенс.
-Се согласивме дека поврзувањето на истражните центри и на јавните обвинителства со другите институции преку платформата за Интероперабилност, е клучно за ефикасно спроведување на истрагите и борба против корупцијата.
Зајакнувањето на истражните центри е првата точка во Планот за борба против корупцијата. За следната година зголемен е буџетот за јавните обвинителства во делот на зајакнување на кадровските капацитетите и набавка на информатичка опрема за оперативно работење, порача вицепремиерот по средбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e