Средба Николовски-Васало: Од ЕУ добиваме поддршка во борбата против корупцијата

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал Љупчо Николовски денеска оствари средба со со заменикот шеф на делегацијата на ЕУ во Скопје, Џулијан Васало.

2
„Борбата против корупцијата и владеењето на правото се стратешки приоритет на Владата. За нашиот план во борба против корупцијата и активностите кои ги превземаме зборував на денешниот работен состанок со заменикот шеф на делегацијата на ЕУ во Скопје, Џулијан Васало. Од страна на заменикот шеф на делегацијата на ЕУ добивме поддршка за ефикасна реализација на планот и подготвеност за помош во спроведување на мерките за превенција во борба против корупцијата.“ – рече Николовски по средбата.

3
„Европската Унија е наш партнер и сојузник во исполнувањето на стратешките цели, а токму борбата и мерките против корупцијата се клучни на патот кон нашето полноправно членство.“ – дециден е Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e