Средба Николовски-Ткачов во Москва: Унапредување на економската и трговската соработка помеѓу Македонија и Русија

Во рамки на официјалната посета на Москва, Русија, денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, имаше работна средба со министерот за земјоделство на Руската Федерација, г-дин Александар Ткачов.

На средбата беше потенцирана потребата од унапредување на економската и трговската соработка помеѓу Република Македонија и Руската Федерација, што е од заеднички интерес за двете земји.

27629293_1630848706972682_9222407317783739984_o

Министерот Николовски, посочи дека Владата, ќе ја продолжи поддршката на македонските компании за промоција на нашите земјоделско-прехрамбени производи на рускиот пазар, преку поддршка за нивен настап на најголемите саеми во Москва, како што е актуелниот „Продекспо“ и „Светот на храната“.

Министерот Ткачов, порача, Македонија, да продолжи со промоција и збогатување на асортиманот со нови македонски производи, за кои има интерес на пазарот во Русија.

27503382_1630848703639349_8560762346111308726_o

На работниот состанок, на кој што од македонска страна присуствуваа и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Јане Станкоски и директорот на Македонско-руската Стопанска комора, Дејан Бешлиев, од македонска страна беше побарано во најскоро време да има посета од страна на инспекциските служби на Федералната служба за фитосанитарен и ветеринарен надзор на Русија, за да направат анализа на македонските фирми кои ги имаат исполнето условите за извоз на рускиот пазар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e