Денеска на граничниот премен Деве Баир, директорто на Царинската Управа Гпран Сугарески оствари работна средба со заменикот на Претседателот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски одржавме работна средба во насока промоција на отворената царинска линија за пријавување на корупција и Планот за борба против корупција.
-Борбата со корупцијата и криминалот подразбира активна вклученост и соработка од сите надлежни антикорупциски институции. Важна алатка во овој процес е навремено откривање и казнување. За оваа цел особено е значајно континуираното собирање и информации од учесниците во царинските потапки со давање на гаранција на анонимност, преку отворената бесплатна царинска линија 197, која се одвива преку криптирана апликација пришто е невозможно да се избришат или променат записите во неа. – посочи Сугарески.
-Дополнително, Царинската управа се стреми кон автоматизација и дигитализација на процесите и намалување на личниот контакт помеѓу царинските службеници и граѓаните. Сметам дека клучните принципи и вредности кон кои сите ние треба да се стремиме се владеење на правото, еднаквост, професионалност, одговорност, чесност, транспарентност, достапност и доверливост, кои треба да обезбедат високо ниво на доверба во јавноста, одржување и развој на организационата култура. – рече Сугарески.