Средба Николовски-Ромео: Италија останува верен партнер на Македонија во остварувањето на идните приоритети на Владата, во областа на земјоделството

На денешната средба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, со Амбасaдорот на Република Италија, во Република Македонија, Карло Ромео, ја потенцираа плодната соработка помеѓу двете земји во областа на земјоделството и обостраниот интерес за понатамошно продлабочување во нови области кои досега не биле опфатени со тековните проекти во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

27544613_2098447820376746_7095669480732138219_n

Италија, обезбедува значајна техничка поддршка преку бројни Twinning проекти во рамки на ИПА инструментот, во органското производство, маркетингот и квалитетот на земјоделските производи, безбедноста на храна, ветеринарната и фитосанитарна политика. Преку повеќе TAIEX програми, обезбедена е експертска помош во процесот на прилагодување на земјоделството кон заедничката земјоделска политика на ЕУ.

Амбасадорот Ромео, истакна дека Италија, останува верен партнер на Македонија, во остварувањето на идните приоритети на Владата, во областа на земјоделството. Министерот Николовски, ги потенцираше главните приоритети на МЗШВ, со акцент на поголемо искористување на европските фондови преку ИПАРД, јакнење на капацитетите на шумската полиција и законите кои се во фаза на подготовка.

27072659_2098447853710076_4969353472963064159_n

На средбата беше договорено да се потпише Меморандум за соработка во кој ќе бидат содржани сите обласи од взаемен интерес и да се утврди датум на потпишување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e