Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на денешната средба со министерот за земјоделство на Косово, г-дин Ненад Рикало, разговараа за сите отворени прашања меѓу двете земји, како и за идните чекори за унапредување на трговската соработка.
Двајцата министри се согласиле дека поради географската близина, Македонија и Косово, треба да работат на заеднички иницијативи за настап на трети пазари.
На средбата, делегацијата од Косово, пројави интерес за македонскиот модел за субвенционирање и развој на органскотопроизводство. Во контекст на тоа, било договорено заеднички да работат на создавање на унифициран модел на сертификат не само за органското производство туку и за виното, кој што би бил прифатен од земјите од Балканот.
Министерот Рикало и делегацијата од Косово, денеска имааа можност да се запознаат и со работата на македонската акредитирана Државна фитосанитарна лабораторија – ДФЛ.
Во духот на отвореност на министерството, разговори со сите чинители во земјоделскиот сектор и почитување на нивните сугестии и насоки за развој на агарарот, денеска во министерството се одржа редовна средба со претставниците на земјоделските здруженија за актуелни состојби и проблеми во агросекторот.