На денешната средба, министерот Николовски и амбасадорот на Република Албанија, Фатос Река, разговараа за идните заеднички политики за унапредување на трговската размена со земјоделско-прехрамбени производи.
Со цел да се олесни соработката, двете страни се договорија да се формираат работни групи составени од експерти од двете држави, кои ќе придонесат кон активно и брзо решавање на секој можен проблем во трговската размена.