Средба Николовски-Порожанов: Создавање услови за поголемо искористување на IPАRD средствата!

Во рамките на официјалната посета на премиерот на Р. Бугарија, Бојко Борисов и министрите во владата, пред почетокот на Заедничката седница на Владата на Р. Македонија и Владата на Р. Бугарија, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски оствари билатерална средба со ресорниот министер за земјоделство, храна и шумарство, на Р. Бугарија, Румен Порожанов.

23755359_2066405643580964_3372806035344483596_n

Двајцата министри разговараа за областите на соработка и за нејзино брзо ефектирање преку конкретни чекори што ги договориле да се преземат по оваа средба.

Акцентот ќе се стави на поголемо искористување на IPАRD средствата преку создавање услови за нивна поуспешна апсорпција.

Воедно, министерот Николовски добил покана за учество на Конференцијата на земјоделски асоцијации, која ќе се одржи во февруари, во Р. Бугарија.

23843505_2066405743580954_8263987560502462469_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e