Средба Николовски – Мултановски: Договорена е промоција на македонските земјоделско – прехрамбени производи во Полска

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски оствари средба со полскиот амбасадор Јацек Мултановски. На средбата со амбасадорот, беше потенцирана одличната соработка меѓу двете земји и континуираната поддршка што Република Полска и ја обезбедува на Република Македонија, на политички и на економски план.

27498076_10211277006984441_742899692_n

Министерот Николовски и амбасадорот Мултановски, констатираа дека постојат услови за продлабочување на билатералната соработка во земјоделството, во насока на зголемена трговска размена и идни проекти поддржани со инструментите на ЕУ, како што се Twinning проекти и TAIEX програми за земјоделство и рурален развој, ветеринарна и фитосанитарна политика, спроведување на научно- истражувачки проекти и во сите останати области од евроинтеграцискиот процес, во кои споделувањето на полското искуство е многу значајно за Македонија. На средбата беше договорено да се организира промоција на македонските земјоделско – прехрамбени производи во Полска, и средба со полскиот министер за земјоделство, во првата половина на оваа година.

27498074_10211277007064443_1231229618_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e