Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, оствари средба со висок претставник од Катар и заменик претседател на МБХ Холдинг н.е. Шеик Јасим Бин Мохамед Ал Тани.
На средбата биле поздравени напорите за развој на земјоделскиот сектор, како и сериозноста на МБХ Холдингот за инвестирање во него. Како што наведуваат од министерството се продолжува со зголемен интензитет во отварањето на можностите кои ги нудат странските пазари за македонските земјоделски продукти.