Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски денеска оствари работен состанок со директорката на УЈП, Сања Лукаревска, на кој вицепремиерот ги презентираше мерките од „Планот За Борба Против Корупција“ и потребата од вклучување на УЈП со сите расположливи капацитетите и механизми во целиот процес.
„Оваа институција преку своите контролни механизми има значајна улога во спречувањето на затајување на данок и корупција и затоа е вклучна во мерките од Планот. Бев запознаен со дел од контролните системи на УЈП, како што е Софтверот за евалуација на ризици, кој овозможува електронска селекција на даночни обврзници за контрола врз основа на однапред утврдени ризици. Со овој софтвер се елеминира човечкиот фактор при избор на даночите обрзници за контрола.“ – рече Николовски по состаникот.
„Со директорката Лукаревска разговаравме и за работата на Системот за електронско следење на системите за игри на среќа, како и за начинот на вршење на контролите од страна на даночните инспекторати. Борбата против корупцијата е заедничка и само преку системско делување може да дојдеме до целта.“ – заклучува вицепремиерот.