Средба Николовски – Колевски: Ќе воспоставиме транспарентна и отворена комуникација со цел непречено одвивање на работните активности

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денеска оствари средба со претседателот на Советот на Јавни Обвинители, Ацо Колевски.

Владата на Република Северна Македонија ја цени улогата на Советот на Јавни обвинители како самостоен орган кој ја обезбедува и гарантира самостојноста на јавните обвинители во извршување на нивната функција, истакна вицепремиерот Љупчо Николвски.
Nikolovski1„На денешната средба со претседателот на Советот на Јавни Обвинители, Ацо Колевски ја потенцирав важноста од взаемната соработка и поддршка во борбата против корупцијата и криминалот во која треба да бидат вклучени сите институции на системот“, посочи Николовски.
Nikolovski11Николовски нагласи дека од исклучителна важност е градењето политики во насока на зголемување на ефикасноста и кадровските капацитетите на Јавните Обвинителства со цел навремено и ажурно постапување.

„Ќе воспоставиме транспарентна и отворена комуникација како и неопходна техничка поддршка за Советот со цел непречено одвивање на работните активности согласно нивните законски надлежности“, потенцираше Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e