Средба Николовски-Карими: Компании од Иран изразуваат интерес за инвестирање во земјоделско производство во Македонија

На денешната средба со амбасадорот на Исламската Република Иран, Н.Е. Хоссеин Карими понудивме две алатки кои министертвото ги изработува со цел да привлече инвеститори и да го олесни реализирањето на инвестициите во земјоделството, информира министерот Љупчо Николовски.

Станува збор за брошура со сите потребни информации за потенцијал на земјоделско производство и мапа на локации за инвестирање во откупно дистрибутивни центри. Брошурата ќе ги содржи сите инструменти на финансиска поддршка од страна на државата, како и админстративна поддршка за заинтересираните инвеститори.

31906807_2144361309118730_5581823670650667008_o

На средбата се дискутираше за можностите за унапредување на идната соработка во областа на земјоделството меѓу двете земји, како и можностите за инвестирање во земјоделско производство во Македонија, за што неколку ирански компании веќе изразиле интерес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e