Носењето на потребните законски измени за мерките од Планот за борба против корупција се важни за запазување на роковите за имплементација на Планот. – ова денеска го посочи вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски на средбата со Претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери.
-Претседателот на Собранието изрази поддршка за имплементација на Планот и подготвеност за усогласување на сите потребни измени во законодавната агенда и ме информираше за механизмите на законодавниот дом за спречување на корупција. Работиме заеднички во функција на државата и интересот на граѓаните! – посочи Николовски.