Средба Николовски-Давиташвили: Унапредување на трговската соработка помеѓу Грузија и Македонија

Денеска во Тбилиси, министерот Љупчо Николовски, оствари билатерна средба со министерот за земјоделство на Грузија, Леван Давиташвили. На средбата двајцата министри ги презентираа актуелните состојби во двете земји во секторот земјоделство, како и можностите за понатамошна меѓусебна соработка.

24993103_1576380142419539_5743019199024545395_n

Македонија и Грузија и покрај потенцијалите, засега имаат слаба трговска соработка. Министрите се согласија дека оваа прва средба ќе биде почеток на едно големо пријателство помеѓу двете земји, преку кое ќе ја унапредиме трговската соработка.

На средбата, министерот Николовски, ги презентираше мерките на нашата Влада, за развој на земјоделство, но ги слушна и искуствата и политиките кои ги спроведува Владата на Грузија, во областа на земјоделството.

Македонија и Грузија се земји со мали економии, но имаат огромен потенцијал, кој преку почести средби и меѓусебна соработка, можеме заеднички да го искористиме, од што бенефит ќе имаат и двете земји. По оваа прва средба, министерот Давиташвили, ја прифати поканата за официјална посета на Република Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e