Средба на Заев со претставници на Светска банка

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев придружуван од Дејан Павлески, претседател на Комисијата за локална самоуправа на СДСМ, се сретна со Еугене Гуренко, претставник на Светска банка, придружуван од Маријана Лемиќ-Сарамандиќ и Надица Јовановска Бошковска, претставници на проектот Европа Ре, финансиран од Светска банка, за заштита од катастрофални ризици.
На средбата се разговараше за достапната помош од Светска банка на државата и на општините во услови на природни непогоди со несакани последици.
– Неподготвеноста на државните институции да се справат со ризиците и последиците од поплавите со катастрофални последици во Скопје како и земјотресите што го погодија скопскиот регион е алармантна потврда дека на Македонија и е потребен далеку посериозен пристап во справувањето со несаканите последици од можните природни непогоди. Граѓаните страдаат, а властa свесно не ги користи ваквиот вид проекти бидејки се транспарентни, нешто што не е карактеристика на оваа неодговорна власт, рече Заев.
Претседателот на СДСМ Заев го поддржа проектот на Светска банка за заштита од природни непогоди и ризици и рече дека државата во иднина мора сериозно да се отвори кон ваков вид проекти што се од посебен интерес за граѓаните.

2

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e