Средба Меркел-Макрон: Ќе успее ли да го предомисли за почеток на преговори со Северна Македонија?

Францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел утре би требало да остварат средба на која постои последна шанса да се убеди Париз да го смени ставот за блокирање на планираниот почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија, сметаат дипломатите, а објави германската државна агенција ДПА.

„Се надеваме дека Париз уште еднаш ќе размисли за својата позиција и дека нема да дозволи да биде изолиран во Европа од внатрешно-политички причини“, вели дипломат во Брисел за германската агенција.

Тој оценува дека оној што сега ќе го блокира пристапниот процес ќе биде одговорен за можната дестаблизација на регионот.

Германската Влада смета дека Северна Македонија и Албанија ги исполниле сите услови што од нив ги побарала ЕК, а германската агеција нагласува дека блокадата ќе биде особено горчлива за Северна Македонија, која се согласи на промена на името за да го започне процесот на интегрирање во Унијата.

Германија не е единствената која не се согласува со францускиот потег, пишуваат тие и додаваат дека таквиот став го споделуваат и многу други земји-членки на ЕУ.

Франција сака да поднесе предлог за нова методологија во пристапните преговори за членство во ЕУ на министерскиот состанок во Луксембург, со што би можело третпат да се одложи одлуката за отворање преговори за Албанија и Северна Македонија. Поголемиот дел од земјите во ЕУ се за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија.

В понеделник е свикан нов состанок на COREPER, како обид за постигнување на консензус пред министерскиот Совет за општи работи кој треба да заседава во вторник, на 15-ти октомври во Луксембург.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e