Премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, денеска во Софија ќе ја имаат својата втора тет-а-тет средба. И во двете земји постои воздржан оптимизам и неизвесност околу резултатот од средбата.
Последната изјава на грчкиот премиер беше дека „последните чекори се најтешки за поминување“, додека Заев оцени дека „ова е добар момент да се потврди она што е досега постигнато“.
Еврокомесарот Хан пак, за Дојче веле изјави дека е „многу сигурен во успех на разговорите“.