Средба Јонкер-Жерновски: Последниот Извештај на ОДИХР во голема мера придонесува за позитивниот имиџ на земјата

Последните претседателски избори беа одлично организирани и спроведени во демократска и фер атмосфера, истакна Корин Јонкер, Шеф на Мисијата за набљудување на изборите во земјава, на денешната средба во Министерството за надворешни работи.

-Зборувавме за променетата клима во државата која е резултат на цврстата заложба на Владата, како и на сите институции вклучени во изборниот процес, за креирање на атмосфера за фер и транспарентни избори.
Во таа насока ќе продолжиме активно да соработуваме со ОДИХР и да ги имплементираме препораките во однос на изборните процеси, бидејќи домашната задача не ни е целосно завршена.
Заедничка беше констатацијата дека последниот Извештај на ОДИХР во голема мера придонесува за позитивниот имиџ на нашата земја во пресрет на октомврискиот Совет на ЕУ, кога очекуваме валоризација на постигнатото.

Со Корин се знаеме уште од нашите денови во Стразбур, кога бевме членови на Парламентарната Асемблеја на Советот на Европа. Она беше одличен претседател на Комисијата на миграции, а јас потпретседател на истата.
Убаво е што нашите патишта повторно се споија… – напиша заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски на својот ФБ профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e