Србиновска: Вработените во градинките со 16% повисока плата, во септември дополнителни плус 5%

Вработените во градинките кои се заслужни за грижата на нашите деца го добија заслуженото зголемување на платите.

Имено, започнувајќи од јунската плата, стручниот кадар добива зголемување во просек од 16 проценти што е околу 3.000 денари во нето износ по вработен. – рече денеска на прес конференција Лидија Србиновска – портпарол на ОО СДСМ Ресен.

Од месец септмеври вработените во детските градинки во Република Северна Македонија ќе добијат уште едно зголемување од 5 проценти со што вкупното згломеување на платите ќе биде 21 процент и кое што е најголемо зголемување на плати во досегашниот период.

Со ова зголемување на платите се враќа достоинството на професијата воспитувач, професија која беше заборавена со години наназад.

Во оваа група влегува целиот стручен кадар поврзан со дејноста згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст. Истовремено се зголемуваат и платите на помошно техничкиот пероснал во градинките и ова покачување е утврдено со колективниот договор.

Ова е уште еден доказ дека Министерството за труд и социјална политика продолжува посветено да работи унапредување на раниот детски развој којшто е клучен за понатамошниот развој на секое дете.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e