Според досегашната истрага за случајот „Рекет“ специјалната јавна обвинителка во оставка Катица Јанева се стекнала со 298 000 денари имотна корист, претежно во мебел и предмети. – ова денеска на вонредна прес конференција го соопши Јавното Обвинителство.
Според обвинителството, Јанева имала намера да му помогне на Камчев – осомничен во случајот Империја преку претходно воспоставени пријателски односи, па така од ноември 2018 до април 2019 му го заменила притворот со домашен, му го вратила пасошот и одлучила тој да плати минимална штета за истиот предмет.
Денеска откако беше приведена Јанева беше извршен претрес во СЈО при што бил одземен компјутерот на Јанева, а во текот на денот ќе се знае дали таа ќе заврши во истражниот затвор во Шутка.