Спасовски: Влашката заедница секогаш била силен елемент во нашата заедничка борбата за слобода, правда, независност и државност

Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска упати честитка до граѓаните по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите.

-Денеска го одбележуваме 23 Мај, Националниот ден на Власите, и ова е можност да оддадеме признание на влашкиот народ на вековниот стремеж за зачувување и промовирање на својот сопствен јазик, култура и традиција, се вели во честитката.

Влашката заедница, како што се наведува, секогаш била силен елемент во нашата заедничка борбата за слобода, правда, независност и државност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e