Спасовски: Солидарноста први да ја покажат функционерите, оние кои имаат најмногу да дадат најмногу!

Во вечерашното издание на емисијата “Топ тема” на Телма ТВ, техничкиот премиер Оливер Спасовски запрашан зошто не беше прифатен предлогот за намалување на платите на администарцијата до минимална плата од 14 500 денари, односно дали е проценето дека предлогот на СДСМ е лош или пак дека ваквиот предлог може да има последици на следните избори, Спасовски со коментар:

“Ни едното, ни другото! Мерките и одлуките ги носиме врз основа на анализите коишто ги правиме во Владата. И сметавме дека солидарноста најпрво треба да ја покажат функционерите. Затоа ја донесовме таа мерка сега и дека оние коишто имаат најмногу треба да дадат најмногу. Јас знам дека во јавноста цело време се дискутира колку земаат функционерите и какви привилегии имаат и мислам дека е добра одлука прво да се почне претседателот на државата, на собранието, владата, пратениците, директорите, градоначалниците, министрите, замениците итн. Сите да дојдеме на минимална плата и на тој начин да се помогне на солидарноста. Сите избрани и именувани функционери спаѓаат во оваа група!” – истакна Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e