Моралните, етички вредности на еден човек не ги прават функциите туку напротив тие вредности мора да се преточат во раководењето со одредена институција. – порача денес министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Потребна е брза и ефикасна истрага и изведување пред лицето на правдата на секој кој бил инволвиран во случајот „Рекет“, и воопшто во кој било случај, со цел да се поразат криминалците.
Или ќе застанеме сите чесно и одговорно заедно и ќе ја извојуваме битката против криминалот и корупцијата и ќе кажеме дека сме способни дека сите заедно успеваме, за што се боревме долги години да ги поразиме криминалците, да ги поразиме арамиите, оти друг избор немаме за напредок на државата. -рече Спасовски.