Продолжуваме со досегашната одлична соработка со Италија, со можности истата да се продлабочува во иднина, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
„Денеска остварив средба со новоименуваниот амбасадор на Италијанската Република, Н.Е. Андреа Силвестри, на којашто ги посочив приоритетите на МВР, меѓу кои и борбата против организираниот криминал, тероризмот и илегалната миграција.
Остануваме посветени на започнатите иницијативи и проекти од заеднички интерес за двете министерства и двете пријателски земји“, посочи Спасовски.