Спасовски: Северна Македонија покажа дека може да реализира европски избори!

„Гласањето во текот на денот мина во мирна и демократска атмосфера.  Институциите покажаа дека може да организираат мирни и достоинствени избори како што и доликува на земја која е на пат кон ЕУ.“ – рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Дозволете да им честитам на граѓаните и на институциите за одлично спроведените избори. Во текот на денешниот ден во МВР се констатирани 4 фотографирања на гласачките ливчиња за што сторителите се приведени, едно оштетување на гласачката кутија во Новаци и делење на пропаганден материјал во село Кучичино .“ – рече Спасовски.

„За пет пати е намалена бројката на инцидентите за разлика од претходните изборни процеси во земјава. На денешниве избори нема констатирано кривично дело за разлика од претходните изборни процеси.“ – констатира Спасовски.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e