Спасовски: Сериозни се шансите СДСМ повторно да формира влада

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во денешната емисија 360 степени информираше дека владејачката СДСМ, се уште нема отворено внатрепартиска дебата за тоа кој ќе биде техничкиот министер пред предвремените парламентарни избори. Тој смета дека многу по важно од тоа кој ќе застане на оваа позиција е интересот на државата.

-Факт е дека изборите требаа да ги дочекаме со нова влада, нов премиер и нови министри за внатрешни работи и труд и социјална политика, како и 5 заменици министри. Јас ќе работам до последниот ден од оваа влада да реализирам што можам повеќе од зацртаното. Дебатите кои ќе ги водиме во партијата ќе значат носење одлуки за општо добро. Нема да дискутираме кој на која позиција ќе се најде или дали мојата судбина е поважна од нешто друго, најважна е иднината на државата. Внатре во партијата ќе разговараме и ќе донесеме одлука кој ќе биде премиер на техничката влада. Во моментот кога ќе ја отвориме дебатата тогаш ќе се соопшти во јавноста. Се уште не сме отвориле таква тема, вели Спасовски.

Вицепремиерот смета дека шансите на СДСМ се сериозни за победа на предвремените парламентарни избори и формирање нова влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e