Спасовски – Рејшам: Трајна соработка со ИЦИТАП како поддршка на реформите за професионализација на полицијата

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа средба со новиот програмски менаџер на ИЦИТАП Програмата при Амбасадата на САД во Скопје, Карл Рејшам.

Посакувајќи му добродојде и успешна работа на новата позиција, министерот Спасовски се осврнал на соработката со ИЦИТАП Програмата, која изминатите години ја поддржуваше професионализацијата на полицијата преку Проектите и техничката помош наменета за Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија.

Спасовски се заблагодарил на богатата, искрена и пријателска соработка, нагласувајќи дека МВР е насочено кон трајна соработка со ИЦИТАП Програмата.

Програмскиот менаџер на ИЦИТАП Програмата, Карл Рејшам, како што стои во соопштението од МВР, изразувајќи благодарност за остварената средба и конструктивниот разговор, истакнал дека за време на неговиот мандат на оваа позиција ќе се заложи за продолжување, продлабочување и интензивирање на соработката во рамки на Програмата со Министерството за внатрешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e