Спасовски откри што се случува со Мерцедесот поради кој Груевски избега од државата

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговори на прашањето што се случува со „мерцедесот на Груевски“ за кој поранешниот премиер беше осуден на казна затвор, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

„Се користи исклучиво за странски делегации и високи гости кои имаат потреба од користење. Инаку ниту еден од Владата не го користи тој Мерцедес“, изјави Спасовски.

Обвинетиот Никола Груевски доби две години затвор за примање награда за противзаконито влијание во случајот „Тенк“ за набавката на луксузниот мерцедес, а Ѓоко Поповски доби 6 години и шест месеци за злоупотреба на службена должност и овластување.

„Неоспорно е дека е набавено возило марка мерцедес и дека обвинетите знаеле дека се работи за исклучително скапо возило. Груевски побарал, а Јанкулоска извршила службено дејствие што не смеела да го изврши и го поттикнала Поповски да го стори кривичното дело злоупотреба на службената положба. Обвинетите го фаворизирале економскиот оператор Мак Аутостар“, рече пред изрекувањето на пресудата судијката Добрила Кацарска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e