Во вечерашното издание на “Клан дебата” на ТВ Клан, гостин беше техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој запрашан за однесувањето на одредени субјекти во државата во услови на сериозна здравствена и економска криза, Спасовски со став:
“Уште кога започна кризата јас уште тогаш кажав како претседател на Владата дека во едни вакви услови на сериозна здравствена криза којашто се заканува и по здравјето и по животот на граѓаните, којашто се заканува генерално по нацијата на оваа наша земја, тоа значи дека одговорноста на секој поединец мора да биде на многу високо ниво. Затоа овој период не трпи некоја форма на политикантство, на разнопразни модалитети коишто ќе бидат во функција на една или друга политичка партија. Не трпи процес на профитерство, без разлика за какво профитерство разговараме. Кога зборувам за профитерство, мислам на профитерство и во политичка смисла и во екномска смисла и во делот на медиумите. Не е дозволено некој на грбот на граѓаните и на здравјето на граѓаните да прави политички профити преку некакви свои делувања во овој период, истото важи и за економското профитерство, мора да се грижиме за одржувањето нa нивото на цените, ниту преку ширење на лажни информации и дезинформации преку одредени медиуми, сè со цел да се постигне сензационализам” – изјави техничкиот премиер Спсовски.