Во вечерашното издание на “Клан дебата” на ТВ Клан, гостин беше техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој запрашан дали очекува лидерите да изнајдат копромисно решение околу изборите, Спасовски со став:
“Јас посакувам политичките лидери да имаат заеднички став во однос на прашањето за изборите. За тоа сè уште не доцна, може да се размисли и притоа како основа да се имаат интересите на државата и граѓаните. Да, здравјето и животот на граѓаните се врвен приоритет и тука немаме никакви дилеми и за мене како претседател на Владата и за членовите на Владата животот и здравјето на граѓаните немаат алтернатива во однос на кој било друг приоритет и затоа сите сили ги насочивме тука.
Меѓутоа, за да функционира државата мора да има и функционални институции, ние сме единствена држава во светот во овој момент којашто нема функционално Собрание, којашто беше во предизборен период без активно Собрание, без парламентарна контрола на институциите на системот и таа состојба на долг рок е неодржлива. Нас ни требаат институции кои ќе можат да преземат целосна политичка одговорност. Колку време ќе биде вонредната состојба, смееме ли да си дозволиме да не ги комплетираме институциите на системот тогаш кога е најпогодно да бидат комплетирани само затоа што некој има поинаков политички инетрес и не сака да оди на избори во овој момент, сака да оди подоцна. Сите анализи покажуваат дека сега во текот на затоплувањето на времето имаме најнизок степен на ширење на болеста, а наесен повторно се очекува зголемено ширење на заразата” – заклучи Спасовски.