Спасовски: Мора да има промени во Јавното обвинителство и МВР

Истрагата ќе ги докаже сите наши сомнежи кои ги имаме за престрелката во Александар Палас. Голема е веројатноста да има врска престрелката и конфликтот претходно со алфите. Мора да се испрати силна порака дека државата е цврсто решена да се справува со вакви криминални групи. Не смее да се упатуваат закани по живот на вработени во МВР и нивните семејства. Ниту пак смее да се спречуваат во работата и извршувањето на задачите. Жалам што обвинителствоото немаше храброст да побара мерка притвор, а станува збор за полициски службеници. Тоа се луѓе од голема криминална групација, изјави вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-Мора сите органи да работат во кохезија. Криминалците ги има насекаде, дали се тие кои пукале во хотелот, дали се во белата палата на ВМРО-ДПМНЕ, ги има секаде. Јас зборам за борба против криминалот и корупцијата. Случаите ќе се расчистуваат. Работата на полицијата не е да делува емотивно, туку да има темелна истрага, да има факти и документи да се презентираат пред Јавното обвинителство. Оттаму треба да одговорат зошто нема притворм вели Спасовски.

Тој истакна дека мора да има прочистување во овие две институции, МВР и Јавното обвинителство. Како што вели министерот за внатрешни работи, имало и други случаи каде обвинителството не побарало мерка притвор, а тоа било неопходно.

-Во Куманово се појави сомнеж за перење пари. 12 милиони евра. ЈО ја води постапката по редовен пат, без да има барање за притвор за било кого. Исто така не беше побаран притвор за човекот кај кој беа најдени 81 мигрант. Мора да има прочисутвање во македонските институции како во обвинителството така и во институцијата со која јас раководам МВР. Мора да одиме во средување на овие 2 институции. Ќе се изнајдат механизми, еден од тоа е најавениот ветинг. Овие работи на кои укажуваме некој треба да ги прегледува. Тоа не може да го прави извршната власт, тоа треба да го прави Судскиот совет, Советот на јавни обвинители, ДКСК. Не смее да остане перцепцијата во јавноста дека обвинителите меѓу себе не си покренуваат акции. Еден предмет да имаме каде ќе се утврди одговорност на судија, министер, обвинител, веднаш вербата во правосудниот систем ќе се врати кај граѓаните, вели Спасовски.

Вицепремиерот додава дека со политичкиот партнер ДУИ имаат согласност за борбата против криминалот и корупцијата во државата. Според него најважно е истрагите да се базираат на аргументи, факти, да бидат транспарентни и да не се селективни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e