Спасовски: Куманово во изминатите 11 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ беше заборавено!

„Куманово беше неправедно дискриминирано во државата во сите изминати 11 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ, градот беше заборавен, избришан од картата на државата. Ние испланиравме проекти кои ќе се реализираат оваа година, кои се исклучително важни“, рече потпретседателот на Владата Спасовски, на трибината во Куманово, посочувајќи дека веќе е завршена реконструкцијата на патниот правец Старо Нагоричане-Пелинце, каде остануваат уште 4 километри до граничниот премин кои ќе се завршат до крајот на март.

Вицепремиерот Спасовски уште посочи дека во завршна фаза е спортската сала во село Черкези и дека веќе се започнати постапки за градба на нова спортска сала во уште едно училиште, како и уште неколку инфраструктурни проекти во општина Куманово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e