-Сметам дека е многу одговорно да ги повикам сите лидери на политички партии во државата и да разговараме за мерките донесени од владата за справување со коронавирусот, изјави техничкиот премиер Оливер Спасовски во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.
На лидерската средба треба да се покаже единство и одговорност од сите политички субјекти.
-Во светот нема поважна работа од здравјето и животот на граѓаните. На оваа лидерска средба треба да разговараме во однос на мерките, да слушнеме предлози, да бидеме единствени, да повикаме на одговорност и на партиите од власта и од опозицијата и најважно од се денеска да изненадиме со нашата одговорност и со единство во однос на здравјето и животот на граѓаните, вели Спасовски.
-Значи партиските цели, надмудрувања, политиканство кои се случуваат по многу прашања да покажеме дека може да го надминеме кога е прашање на животот на нашите деца. Сите да бидеме дел од приказната и сите заедно да допринесеме во оваа состојба, изјави Спасовски.