Спасовски: Ако некој го загрозува процесот на гласање ќе интервенираме

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по денешното гласање на гласачкото место во Куманово рече дека гласањето почна без поголеми проблеми.

-Секако дека доколку се случи да имаме нарушување на процесот на гласање ќе интервенираме затоа што никој нема право да го загрозува процесот на гласање и никој нема право да врши притисок врз ниту еден граѓанин.

Очекувам да имаме мирен ден, да имаме демократска, цивилизирана атмосфера во која граѓаните самостојно ќе ја носат одлуката. Секој граѓанин ќе го каже својот став за Македонија и за иднината на нашите деца – рече Спасовски.

Извор: НоваТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e