Дел од пациентите се тестирани во приватната клиника, но бројот на направени тестови и во Институт на јавно здравје и на Клиниката „Жан Митрев“ е ист. Луѓе кои немаат симптоми не треба да се тестираат. Да оставиме простор за оние кои имаат симптоми. Тоа впрочем се и препораките од СЗО и сите релеванти институции, порача д-р Владимир Микиќ, епидемиолог од Институтот за јавно здравје во вечерашното гостување во „360 степени“.
-Нашата Клиника се подготвуваше. Досега оние кои се кај нас хоспитализирани, дел се отпуштени на домашно лекување, но како бројката на позитивните случаи расте очекуваме пациенти со потешка клиничка слика кои би требало да бидат хоспитализирани. Простор имаме. Целата клиника ќе биде во функција на пациентите, рече д-р Катерина Спасовска, инфектолог од Клиниката за инфективни болести
Докторката појасни дека самата инфекција, во повеќето случаи, односно во повеќе од 80% од случаите на заразени, ќе може да се мине во домашно лекување, како лесен грипосен синдром, поточно покачена температура, кашлица
Останатите 15-20 % би биле со потешка клиничка слика, а, како што рече Спасовска само 5 отсто би биле критично болни за кои ќе има потреба од интензивно лекување, а тоа би биле повозрасната категорија и категоријата со преегзистенти состојби, појасни Спасовска.