Специјалецот Игор Спасов во петокот, кога му измина рокот за оправдан прекин на издржување на затворската казна, не се појавил во затворот во Идризово, ниту пак е испратено писмено известување за нов прекин и негово оправдано отсуство, потврди за МКД директорот Боби Мојсовски.
Првиот човек на најголемиот затвор во државава вели дека уште во понеделникот се обратиле до судот во Штип и до Управата за извршување на сакнции и ги известиле дека осудениот Спасов не се појавил во затвор на 18 октомври кога му завршувал рокот за оправданиот прекин.
„Испратено е известување до судот во Штип дека Игор Спасов не се појавил во затвор. Од судот до сега редовно ни беше испраќано известување за прекин на издржување на затворската казна кој завршуваше на 18 октомври, во петокот“, изјави директорот Мојсовски.