Факт е дека западниот свет, членките на ЕУ и НАТО проектираат нова состојба во која настојуваат да укажат на подолг период сериозни, наталожени недостатоци околу индината и развојот на НАТО и ЕУ. Најлошото е што сето тоа се случува во време кога Македонија требаше да ги започне преговорите. Вратата ни беше затворена пред нос, не само на нас туку на целиот западно балкански регион, рече професорот Александар Спасеновски на емисија на ТВ24.
-После првичниот шок се надевам дека на крајот ќе надвладее свесноста за геополитичкиот интерес на ЕУ во однос на западниот балкан и верувам дека Македонија Србија Косово и Босна побрзо ќе пристапат до Унијата, вели Спасеновски.
Тој смета дека постојат искри на релација САД – Франција и дека повлекувањето на Меркел му дава повеќе простор на Макрон во однос на одлуките на Европската унија.
Покрај сето ова, според Спасеновски, негативно врз добивањето датум за префовори може да бидат и стереотипите од новите држави членки на ЕУ. Целиот тој комплот на причини, како што вели, доаѓа до израз кога Македонија требаше да добие датум за преговори.
Според професорот Марковиќ пак, по последното интервју на Макрон има две вести за Македонија, добра и лоша.
– Лошата вест е дека ситуациите се драматични во ЕУ и НАТО, добрата е што за прв пат Макрон ја подотвори вратата во март да се види и преиспита позицијата на Франција во однос на проширувањето со Македонија и Албанија. Но, тој побара да одговориме со рефомрски процес. Пендаровски најверојатно по средбата ќе добие конкретен одговор на тоа што бараат од нас, вели Марковиќ