Советникот Стојановски од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ премина во ДОМ

Советникот од Oпштина Лозово, Влатко Стојановски од коалициската листа на ВМРО – ДПМНЕ премина во редовите на ДОМ, соопштија од партијата.

Од ДОМ соопштија дека членови од раководството на ДОМ и МОДОМ заедно со пратеничките Лилјана Поповска и Маја Морачaнин остварија средба со новиот советник и со раководството на Општинската организација на ДОМ во Лозово.

„На средбата на која присуствуваше и новиот градоначалник на Лозово Ацо Велковски се разговараше за развојот на општината и приоритетните инвестиции што се планираат да се направат во системите за наводнување и водоснабдување како и други можности за локален економски развој“, соопштија од ДОМ.

На средбата се иницираше и изнаоѓање на автохтон локален прехрамбен производ по кој општината ќе биде препознатлива и ќе се поттикне развојот на руралниот туризам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e