Советничката на Мицкоски, професорката по Уставно право, Татјана Каракамишева, на својот фејсбук статус објави текст со кој ги повикува Франција, Германија, Данска и Холандија да не дозволат добивање датум за почеток на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија.
Нејзината патриотска теза ја поткрепува со податокот дека владата на Заев со недобивање на датум ќе мора да си даде оставка.
„Франција, Германија, Данска и Холандија останете истрајни во одлуката, помогнете ни!
Човеков МОРА да го врати мандатот, човеков, како и оваа влада МОРА ДА ПАДНАТ!
По сите доживеани неправди МОРА да си ја вратиме татковината ВО НАШИ РАЦЕ!
НЕМА ПРАВДА, НЕМА МИР!, пишува Каракамишева