Истанбул, Тирана, Драч, Призрен се дестинациите до кои превезувал патници автобусот на „Беса Транс“ кој лани изгоре во Бугарија.. Компанијата поседувала лиценца за меѓународен превоз, но возилото во кое загина 40тина луѓе, немало извод од лиценцата.. Цела година користело фалсификуван документ, тврдеше денеска обвинителството.. На почетокот на судењето, сопственикот Беким Хаџиу и претставникот на Беса Транс, негираа дека го фалсификувале документот, па не чувствувале и ниту вина.
„Јасно ми е за што сум обвинет, го разбирам и обвинението, но не се чувствувам за виновен“, изјави во судницата сопственикот на Беса Транс.
Преставник на Министерствто за транспорт сведочеше дека „Беса Транс“ имала лиценца со дозвола да сообраќаат пет автобуси, ама не и возилото во кое живи изгореа патниците кои се враќаа од Истанбул.. За тој автобус немало ниту барање Транспорт и врски да издаде документ за било каков вид на превоз.. Одбраната пак тврди дека поседува докази дека компанијата барала дозвола и за тоа возило, ама поради епидемијата, работата на министерството за транспорт била отежната.
Идната среда се навршува точно една година од големата трагедија на возилото кое дури 20 пати ги минувало државните граници без извод од лиценцата за превоз на патници.. По точна една година и еден месец од несреќата, на 23 декември во судот ќе сведочат и преставници од Царината кои треба да одговорат, кој замижувал кога автобусот без соодветни документи ја минувал границата.
