Партијата Левица, вечерва објави соопштение по повод одржувањето на вториот круг од локалните избори.
И покрај тоа што во соопштението се потенцира дека нивното членство е антивладино и проопозициско, од президиумот на партијата никаде јасно не даваат поддршка на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје, Данела Арсовска. Во целото соопштение никаде не е спомнато името и презимето на Арсовска.
-Во поглед на гласањето за градоначалници во вториот изборен круг, упатуваме на разумот и совеста на нашите членови, поддржувачи и симпатизери – истите да гласаат по сопствено убедување, се вели во дел од соопштението од Левица.