Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со информации дека во 13.02 часот на бул. М.Т. Гологанов во Скопје се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило БМВ со скопски регистерски таблици, управувано од Е. Ј. (53) и мотоцикл со скопски регистерски таблици управуван од Ѓ. А.(37). Ѓ.А. со возило на Итна помош е префрлен во Ургентен центар.
Според информации на Фокус, сообраќајката не ја направил поранешниот градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски, туку негова блиска роднина.