Со 43 гласа “за” и “56” против, Собранието на Република Македонија ја отфрли интерпелацијата за работата на министерот за надворешни работи Никола Димитров, поднесена од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
13-тата седница на Собранието ќе продолжи денеска во 16:00 часот, а на дневен ред се интерпелациите за работењето на министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и за труд и социјална политика, Мила Царовска.