Денеска, Собранието на Република Македонија ќе ја одржи 13. седница на која ќе се расправа за интерпелација за тројца министри од новата Влада предводена од СДСМ.
Опозицијата, поднесе интерпелации за министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и за министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.
На дневен ред се и предлозите на законите за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита и на Законот за заштита на деца и двата во прво читање.