Собранието ќе одлучи дали Нина Ангеловска ќе биде нова министерка за финансии

Премиерот Зоран Заев утре до Собранието ќе достави Предлог Нина Ангеловска да ја превеземе функцијата министер за финансии.- ова беше соопштено по Централниот одбор на СДСМ кој штотуку заврши.

Претседателот на СДСМ и премиер Заев во изјавата по Централниот одбор рече дека за заменик министер за образование  ќе биде предложена Елизабета Наумовска, додека за заменик министер за економија Кире Колемишевски.

Заменик министер на новото министерство за политички системи ќе биде Неџат Мехмедовиќ.

Премиерот смета дека сите овие лица ќе дадат сериозен придонес за ресорот во кој ќе бидат поставени.
Заев рече дека со ваквиот предлог се испраќа порака дека „младите треба да се ангажираат, да се борат, да се образуваат затоа што високите позиции се достапни за сите “.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e