Полскиот нуркач Кшиштоф Старнавски го собори рекордот во нуркање во подводната Пештера Врело на Матка. Тој после после повеќе од пет часа се спушти на длабочина поголема од 212 метри во текот на вчерашниот ден.
Старнавски нуркаше во придружба на својот тим, како и со логистичка поддршка во водата од страна на нуркачите од клубовите „Врело“ и „Акватек“, кои го придружувале до местата каде што нивната опрема го дозволувала тоа. Старнавски нуркаше со т.н. ребридер, специјален систем за подводно пливање, кој им овозможува на нуркачите значително подолго да се задржат под вода отколку при користење обични боци со кислород.