Смртноста од рак во Македонија достигна рекордно ниво за последните 15 години

Малигните заболувања продолжуваат да претставуваат сериозна јавноздравствена загриженост во Македонија, останувајќи втора најчеста причина за смрт, веднаш по болестите на циркулаторниот систем. Ова го покажуваат најновите податоци на Институтот за јавно здравје и Државниот завод за статистика, објавени на 4 февруари по повод Светскиот ден на борба против рак.

Во 2024 година, стапката на смртност од малигни неоплазми достигнала 217 случаи на 100, објави 4news.mk 000 жители, највисоко ниво во периодот од 2010 до 2024 година. За споредба, во 2010 година стапката изнесувала 180,3 на 100.000 жители, што укажува на долгорочен и континуиран раст.

Мажите значително повеќе погодени од жените

Статистиката покажува дека смртноста од малигни неоплазми е значително повисока кај мажите. Во 2024 година, стапката кај мажите изнесува 257,3 на 100.000 жители, додека кај жените изнесува 177,4 на 100.000 жители.

Најризична група: лица над 65 години

Највисока стапка на смртност е регистрирана кај населението над 65 години, каде што во 2024 година достигнала 821,3 смртни случаи на 100.000 жители. И во оваа возрасна група, мажите имаат значително повисока смртност од жените.

Кај лицата на возраст од 0 до 64 години, морталитетот е понизок, но и таму се забележува постојана родова разлика, со повисока стапка кај машката популација.

Рак на бел дроб кај мажи, рак на дојка кај жени – водечки причини

Меѓу мажите, рак на бронх и бел дроб е водечка причина за смрт од малигни заболувања, со стапка од 71,3 смртни случаи на 100.000 мажи во 2024 година, што претставува значителен пораст во споредба со претходните години.

Кај жените, најчеста причина за смрт од малигни заболувања е рак на дојка, со стапка од 39,4 смртни случаи на 100.000 жени во 2024 година, што ја нагласува потребата од засилени превентивни мерки и редовни скрининг програми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e