Случај со починатата родилка: Анестезиологот нелегално бил присутен

Анестезиолог од КАРИЛ учествувал во породувањето со царски рез на родилката Дебора Џамбази која почина во четвртокот во приватната болница Санте Плус најверојатно таму бил нелегално, дознава НОВА од свои извори во болницата. И директорот на ТОАРУЦ, др. Илир Хасани рече дека тој не е информиран и не потпишал никаков договор со Санте Плус.

„Не можел да има договор без да знам, а јас такво нешто не сум потпишал. Ќе покренеме се што е во наша надлежност за да се испита целиот сплет на околности кои довеле до смрт на родилката.“, изјавил за НОВА др. Хасани.

Од друга страна, во Санте Плус тврдат дека анестезиологот од КАРИЛ имал договор со болницата.

Законот за здравствена заштита во член 222 и 223 стои дека докторот кој сака да врши дополнителна дејност во друга болница мора да има договор со болницата каде што сака да врши дополнителна дејност, потоа двете болници да имаат договор меѓу себе, како и лекарот да има согласност од директорот на ТОАРУЦ. Засега се знае дека тој учествувал вго породување кое било однапред планирано и договорено.

Но, она што е индикативно во целиот случај е што во Санте Плус упорно тврдат дека родилката била однесена жива во КАРИЛ, а од КАРИЛ се децидни дека таму е однесена почината.

„Пациентката е однесена со возило на Итна медицинска помош во придружба на двајца анестезиолози, била жива и во моментот на прием на КАРИЛ имала 20 отчукувања на срцето“, тврди Весна Камилова управителка на приватната болница Санте Плус.

Извор: Нова ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e